Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Само со членство во ЕУ се можни суштински промени во македонското општество

A 3.jpeg

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

Продолжувањето на патот кон Европската унија и усвојување на европските стандарди е единствениот начин за големи, суштински и темелни промени во македонското општество. – порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот граѓански собир на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

 Работевме во услови на најголема економска и енергетска криза. И како вистински социјалдемократи никого не оставивме сaм. Силно ги поддржавме граѓаните и компаниите во време на повеќе кризи со 2,6 милијарди евра. Ги зголемивме платите и пензиите на историски највисоко ниво досега. Но јас знам дека се уште е тешко. Не живеам во заблуда дека овие бројни мерки и политики ги решија сите отворени проблеми на граѓаните. – рече Ковачевски.

Како што искрено ги признавам сите направени грешки така ве гледам и ви ветувам: Заедно со мојот тим ќе работам ден и ноќ да ги исполнам очекувањата на мнозинството граѓани да живеат во европска Македонија.

Ден и ноќ за европски животен стандард, за подобро образование, подобро здравство, за сузбивање на корупција, за држава по европски стандарди како што ја сакаат и како што ја заслужуваат граѓаните. – беше дециден Ковачевски.

Потребен ни е европскиот стандард на живот за да им овозможиме на нашите деца и внуци да ги живеат своите соништа тука, во Македонија. Затоа продолжување на патот кон Европската унија и усвојување на европските стандарди е единствениот начин за суштински промени. – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот граѓански собир на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски.

Можете да прочитате

УЈП: Граѓаните да ги проверат своите годишни даночни пријави за 2023

Мицкоски на средба со Македонија2025: Следува забрзан економски развој и подобрување на животниот стандард

Управен суд ја одби тужбата на Европски фронт на решението на ДИК за избирачкото место 1194 во Крушево