Утрински Весник
Магазин

Пронајдени украдени лего коцки вредни 300.000 долари

Velika.jpg

Во рациите на четири домови низ Јужна Калифорнија, американската полиција пронашла украдени лего коцки во вредност од околу 300.000 долари.

Кражбите се случиле во окрузите Лос Анџелес и Оринџ, а осомничените се на возраст меѓу 35 и 47 години, пишува Тајмс.

Тие се уапсени под обвинение за организирана кражба на мало, голема кражба и завера.

Легото е омилена мета на крадците бидејќи лесно се продаваат, а профитот може да биде огромен, пишува весникот.

Некои од најпопуларните комплети може да се продаваат за илјадници долари.

Можете да прочитате

Kолку е навистина здраво да се јаде лебот секој ден?

BYD Јангванг У9 Екстрим постигна 503 км/ч и стана најбрзиот автомобил во светот

Боси нозе – здравје за целото тело