Утрински Весник
Македонија

Пендаровски: Јас сум првиот претседател кој постави жена за аѓутант во Армијата

Gevgeli A 8.jpg

Пред граѓаните на Гевгелија, кандидатот за претседател Стево Пендаровски даде коментар на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за неговиот однос кон жените.

„Јас сум првиот претседател кој постави жена за аѓутант, значи во Армија која е доминантно машка и професија и организација. Значи, поставив за првпат во историјата на независна Македонија, па и во социјализмот, ова што беше трета армиска област на времето никогаш немало жена аѓутант. Второ, јас сум првиот претседател кој има поставено првиот ден кога дојдов на овој мандат советничка за родови прашања, првпат. Посебна советничка само за тоа прашање, можам да речам не ми е надлежност, но многу ми беше битно. Од овие 10тина, 12 луѓе кои сум ги донел со мене во мојот мандат како мои најблиски соработници 52 проценти се жени“ порача Пендаровски, додавајќи дека во изминатиот период не ги делел граѓаните по ниедна основа и дека така и ќе предолжи во следниот мандат.

Пендаровски посочи дека на овие избори се профилираа две различни политички понуди, едната е онаа која работи државата да продолжи напред, а втората прави сѐ за да ја врати државата назад во неизвесност.

„Со нас одењето напред ќе биде загарантирано нема да биде преку ноќ ќе има потешкотии, ќе има секакви можни предизвици, но овие луѓе имаат демократска матрица во своите глави не се диктатори не се автократи. Ние не сакаме, никогаш тоа не сме го правеле, ниту ќе го правиме, е да го малтретираме македонскиот народ и македонските граѓани“ рече Пендаровски.

Кандидатот за претседател ги повика сите присутни на масовна излезност на 24 април  и гласање за бројот 1, затоа што тоа во голема мера ќе ги одреди резултатите од вториот круг на претседателските, но и резултатите од парламентарните избори.

„Барам од сите вас силна мобилизација, уште во првиот круг затоа што резултатите во првиот круг ќе ги одредат резултатите и во вториот круг за претседател, но и резултатите за парламент“ истакна Пендаровски во Гевгелија.

Можете да прочитате

Министерството за животна средина отстапи движни ствари на повеќе општини, за потребите на училиштата вклучени во ГЛОБЕ програмата

Одреден бројот на студенти кои ќе се запишат на Воената академија во учебната 2024/2025 година

Владата да подготви информација за статусот на Нов фудбалски стадион, а општина Тетово да прекине со работите на теренот додека нема правна разврска на случајот