Утрински Весник
Магазин

Коктел со зелен чај кој го зајакнува целиот организам

Capture 3.jpg

Зелениот чај е направен од растението Camellia sinensis и се смета за еден од најздравите чаеви во светот. Придобивките од зелениот чај се многубројни, од кои најважни се зајакнувањето на имунитетот и намалувањето на целулитот.

За претстојните топли денови ви го препорачуваме овој ладен чај, кој освен што е освежителен, се бори и против бактериите и вирусите и го зајакнува целиот организам. Добar е за здравјето на срцето и кардиоваскуларното здравје и детоксикација. Ја намалува акумулацијата на маснотии и помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Коктелот е лесен за правење, вкусен и освежителен. Прво направете зелен чај, прелијте го со вода загреана на 90° Целзиусови, а потоа добро изладете го.

Во висока чаша ставете листови од нане, парче лимета и во секоја чаша додадете две лажици бакарди рум. Прелијте со зелен чај и послужете разладен, со коцки мраз.

Во коктелот можете да додадете грејпфрут или сок од лимон, а наместо рум можете да додадете две лажици џин. Ако вкусот е премногу силен или премногу кисел за вас, можете да додадете шеќерен сируп или вештачки засладувач.

Можете да прочитате

Фамилијата на Шумахер во финансиска криза

Возачите во В. Британија купуваат регистарски таблички кои не ги регистрираат камерите !

Оркестарот Џамбо Агушеви имаше настап за паметење и прераскажување во Тирана