Утрински Весник
Свет

Две лица загинаа во лавина во Тирол, 18 лица се затрупани

Picture 585 660x485 1.jpg

Две лица загинаа во лавина во Тирол, Австрија, четворица се спасени, а според првичните информации 18 се затрупани. Во тек е голема спасувачка операција. Лавината започнала околу 11 часот во општината Вент им Нидертал во правец на Мартин Буш Хуте, јавуваат локалните медиуми. Во тек е голема спасувачка операција. Преживеани се бараат со кучиња трагачи и хеликоптери. Службите за итна помош во моментов не можат да дојдат на местото на несреќата од безбедносни причини. Исто така, итните служби се фокусирале на евакуација на планинари на пат кон колибата Мартин Буш, пишува „Кронен цајтунг“.

Можете да прочитате

Масовен протест во Киев против новиот закон за статус на исчезнатите војници

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“

Најмалку 90 лица загинаа при експлозија во рудник за јаглен во северна Кина