Утрински Весник
Македонија

Уставниот суд поведе постапка во 14 предмети кои ги оформи по сопствена иницијатива

Ustaven Sud.webp.webp

Судот изрази сомнеж дека 14 општини без да имаат законско овластување си пропишале надлежност за автентично толкување на прописите коишто ги донесуваат. Тоа би било можно доколку законодавецот им определи таква надлежност, што сега не е случај. 

Покрај поведувањето на постапка во која Судот ќе ја оценува законитоста и уставноста на општинските акти, на 12. седница е одлучено да се запре извршувањето на поединечните акти или дејствија кои произлегуваат од спорните одредби во Деловниците за работа во општините, а се однесуваат на автентично толкување. 

Станува збор за општините: Куманово,  Кривогаштани, Свети Николе, Кочани, Демир Хисар, Босилово, Дојран, Чучер Сандево, Радовиш, Чешиново-Облешево,  Демир Капија, Ѓорче Петров, Пробиштип, Пехчево.

Судот во изминатиот период оформи 72 предмета по сопствена иницијатива, кои содржат автентично толкување на различни општини и веќе постапува по нив.

Можете да прочитате

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели