Утрински Весник
Свет

Пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа според Бајден е погрешен

Dzo Bajden Joe Biden.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Џо Бајден ја критикуваше воената стратегија на Израел во Газа, оценувајќи дека пристапот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „погрешен“. „Мислам дека тоа што го прави е погрешно. Не се согласувам со неговиот пристап“, рече американскиот претседател во интервју за телевизијата „Univision“. Бајден апелираше Израелците да повикаат на прекин на огнот „за да се овозможи целосен пристап до храна и лекови во следните шест или осум недели“. Бајден, претходно го нарече израелското бомбардирање во Газа „недискриминирачко“ и воените дејствија претерани. Мрежата на шпански јазик „Univision“ го интервјуираше Бајден на 3 април, два дена откако во израелски напад беа убиени седум членови на персоналот на хуманитарната група „World Central Kitchen“ во Газа.

Можете да прочитате

Рубио најави разговори со Данска за Гренланд

Невработеноста во Германија достигна 6,2 отсто во декември

Зеленски побара нова средба со Трамп за безбедносни гаранции