Утрински Весник
Свет

Украина: Соборивме руски воен хеликоптер во близина на Крим; Русија: хеликоптерот сам падна

Helikopter.jpg

Руски воен хеликоптер Ка-27 е соборен на окупираниот Крим, соопшти Дмитро Плетенчук, портпарол на украинската морнарица.

„Рускиот Ка-27 беше соборен на Крим, бараше нешто и го најде“, напиша Плетенчук на Фејсбук.

Плетенчук не објави дополнителни информации за соборувањето на хеликоптерот.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека всушност се работи за хеликоптер Ми-24 кој сам паднал.

„На 10 април 2024 година, околу 06:00 часот по московско време, хеликоптерот Ми-24 се урна додека вршеше редовен лет над Црното Море во близина на западниот брег на Република Крим“, се вели во соопштението.

„Прелиминарната причина за несреќата е дефект на леталото. Службата за пребарување и спасување работи на местото на несреќата“, се додава.

Можете да прочитате

Мерц во ненајавена посета на Украина; Захарова: Убиецот се враќа на местото на злочинот

Иран: Го осудуваме насилното задушување на студентските протести во Франција

АфД со рекордна поддршка од 30 проценти и огромна предност во однос на другите