Утрински Весник
Свет

Шпанскиот премиер заминува на турнеја низ ЕУ заради признавање на Палестина

Pedro Sancez.jpg

Шпанскиот премиер Педро Санчез во петок ќе започне турнеја на која ќе разговара со премиерите на Норвешка, Ирска, Португалија, Словенија и Белгија за заедничкото признавање на независноста на Палестина, соопшти денеска шпанската влада.

„Сакаме да ја запреме хуманитарната катастрофа во Појасот Газа и да започнеме мировен процес што ќе доведе до реализација на решение за две држави што е можно поскоро“, рече владината портпаролка Пилар Алегрија во обраќањето пред новинарите.

Санчез неодамна изјави дека Шпанија има намера да ја признае независноста на Палестина до јули и дека наскоро ќе има „доволна критична маса“ во ЕУ за другите земји да го заземат истиот став. Тој во петок ќе отпатува за Норвешка и Ирска, а потоа ќе разговара со премиерите на Португалија, Словенија и Белгија.

Минатиот месец Шпанија, Ирска, Малта и Словенија потпишаа заедничко писмо во Брисел во кое бараат целата Европска унија да ја признае Палестина, која ја сметаат за предуслов за траен мир на Блискиот Исток. Израел ги окупираше палестинските територии во 1967 година и се противи на формирањето на државата Палестина. Израелската влада смета на поддршката на САД, кои и испраќаат оружје и порачаа дека палестинската државност и мир може да се постигнат само преку директни преговори меѓу двете страни.

Можете да прочитате

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција

Лами: Британија не испраќа војници во Украина

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон