Утрински Весник
Македонија

Дваесет и четврти април и 8 мај – неработни денови за сите граѓани

Izbori 2020.jpg

Деновите кога ќе се одвива гласањето за претстојните парламентарни и претседателски избори, 24 април и 8 мај ќе бидат неработни денови за сите граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика. 

Земајќи го во предвид Решението за распишување на избор за претседател на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), како Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), Министерството за труд и социјална политика информира дека по донесената одлука на 14та владина седница – 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) се прогласени за неработни денови за сите граѓани.

Како министерство препорачуваме до сите институции и работодавачите од приватниот сектор на територијата на Република Северна Македонија да ги спроведат заклучоците од Владата за неработните денови со цел секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас во избирачката единица во којашто е регистриран, се вели во соопштенито до медиумите.

Можете да прочитате

На денешен ден пред 85 години во Прилепско првпат е изведена песната „А бре Македонче“

Почина торакалниот хирург Зоран Спировски

„Ниту една повеќе“ – протест во Скопје против фемицидот