Утрински Весник
Спорт

Ѓоковиќ: Синер за неколку седмици ќе биде светски рекет број еден

20240409094431 Big 730x400 13.webp.webp
Dik 300x250 mk

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го сподели своето мислење за иднината на Италијанецот Јаник Синер, кој е на второто место на АТП-листата. Ѓоковиќ е прв светски рекет.

– Фактот дека тој ќе стане првиот рекет на светот е прашање на неколку недели. Пласманот не е моја цел, оваа година не планирам да играм многу турнири и да размислувам за бодови, изјави Ѓоковиќ за „La Repubblica“.

Тој додаде дека негов приоритет во моментов е да одигра најдобро од Грен слемот „Ролан Гарос“ до УС Опен, опфаќајќи ги Вимблдон и Олимпијадата.

Ѓоковиќ претходно изјави дека Синер е најдобриот играч на светот оваа година.

Во моментов и двајцата тенисери учествуваат на турнирот во Монте Карло кој се одржува од 7 до 14 април. 

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја