Утрински Весник
Македонија

147 санкции за брзо возење

Brzo voze e 1.webp.webp

Во текот на вчерашниот ден (08.04.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 147 возачи. Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 34 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 103 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Додека други напредуваат кон ЕУ, Македонија останува во изолација, велат од СДСМ

ВЛЕН: Беким Сали ја претставуваше државата меѓу европските државници во Париз

Уапсен нарко дилерот кој побегна од полициската станица во Кочани