Утрински Весник
Свет

Нетанјаху соопшти дека е одреден датумот за отпочнување со офанзивата на градот Рафах

Screenshot 2024 04 08 212240.png

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека е одреден датумот за отпочнување со офанзивата на градот Рафах во Газа. Нетанјаху не го соопшти датумот кога ќе се случи инвазијата, но повтори дека за да се поразат милитантите на Хамас, кои Европската унија и САД ги сметаат за терористичка организација, „потребно е да се влезе во Рафах и да се елиминираат терористичките баталјони таму“. „Тоа ќе се случи – има датум“, рече Нетанјаху во видео изјавата, која доаѓа додека во Каиро се одржува нова рунда преговори за прекин на огнот. И покрај жестокото меѓународно противење, Израел со недели вели дека планира копнена инвазија на градот Рафа во јужниот дел на Газа, каде што повеќе од еден милион Палестинци избегаа од борбите од другите место во енклавата. Палестинците се вратија во вториот град по големина Кан Јунис во јужниот дел на Газа за да спасат што можат од она што останало од израелската офанзива. Враќањето на Палестинците во Кан Јунис се случи еден ден откако израелската армија објави дека ги повлекува војниците од областа.

Можете да прочитате

Авијацијата на Полска во состојба на готовност поради руски закани

Во Словачка дојава за бомби во 270 училишта

Уапсен чичкото на осумгодишното девојче по кое трага цела Турција