Утрински Весник
Балкан

Покрената постапка против хрватскиот режисер кој со години вознемирувал колешки, доби отказ од Драмската академија

911cbf80 Aece 4ad8 B7ce Fb5a016f2949.jpg

Државното обвинителство на Хрватска потврди дека се водат истраги за случајот на режисерот Далибор Матаниќ, за кој беше откриено дека сексуално вознемирувал колешки а отврда дека се води истрага е добиена и од Полицијата, објавија хрватските медиуми.

Истовремено деканатот на Академијата за драмски уметности во Загреб потврди дека АДУ ја прекинала соработката со Матаниќ, кој го предаваше предметот во зимскиот семестар и дека нема да ја обнови соработката.

„Академијата за драмски уметности најостро ги осудува постапките на Далибор Матаниќ кои неодамна беа објавени во медиумите“, соопштија од Академијата.

Деканатот посочува дека Академијата досега „не добила никаков извештај за непријатности или малтретирање од Далибор Матаниќ“, откако минатата недела испратила барање до сите студенти анонимно или јавно да пријават вознемирувачки искуства.

Медиумите во петокот објавија дека режисерот Далибор Матаниќ сексуално вознемирувал колешки и поради тоа ги загубил ангажманите. После тоа, Матаниќ се огласи и на Фејсбук и призна дека ги малтретирал колешките под дејство на дрога и алкохол, изрази жалење и изјави дека се пријавил во установа за лекување на зависности.

По објавувањето на обвинувањата, Друштвото на филмски режисери и Хрватското друштво на филмски работници осудија секаков облик на насилство и ги поддржаа жртвите.

Познатиот режисер Далибор Матаниќ (49) со години испраќал непримерни пораки и создавал непријатни ситуации за време на снимањето на филмовите, сериите и рекламите. Тој им испраќал пораки со сексуална содржина на голем број жени, често оправдувајќи ги контактите со понуди за работа.

„Сите имаме впечаток дека избирал помлади девојки, кои не знаат како да се позиционираат или се плашат да не останат без работа. Ова особено се однесува на младите актерки на кои им претстои кариера, а Матаниќ снима две серии годишно, филмови, спотови, реклами“, изјави една актерка за „Вечерњи лист“, а друга кажа дека преед повеќе од две години често почнал да ја контактира со пораки, во секое време од денот или ноќта, упорно повикувајќи ја на „тајни бели забави“.

По објавувањето на обинувањата, Матиниќ за своето лошо однесување ја обвини злоупотребата на дрога и алкохол, а се пожали и на стресната работа. Тој откри дека се пријавил во болница за рехабилитација и побара извинување од сите колешки за своето непримерно однесување.

Можете да прочитате

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари

Ожалoстени родители се борат да ги направат убиствените патишта во Бугарија побезбедни

Во Хрватска голема акција на Управата за сузбивање корупција и органзииран криинал