Утрински Весник
Македонија

Тренчевска: Грижата за највозрасните не е само ветување, тоа е наша должност

3 1.jpeg

Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и градоначалникот на Општина Крива Паланка направија посета на објектот на Ученичкиот дом „Боро Менков” кој е предвидено да се реконструира и преадаптира во дом за стари лица. Претходно Тренчевска за време на нејзините теренски активности посети и корисници на услугата Помош и нега во домот

„Заедно со Општина Крива Паланка се одлучивме за реконструкција и прилагодување на УД „Боро Менков” во еден од најубавите домови за стари лица во овој регион, преку капитална инвестиција на Министерството за труд и социјална политика токму во оваа општина.  Брзото напредување на процедурите, предводена од цврстата решителност на нашиот градоначалник, сигнализира не само бирократски процес, туку и длабока посветеност брзо да се започне со работа во планираниот старски дом. Со вредност на проектот од 34.375.536 МКД, овој потфат симболизира инвестиција во граѓаните и суштинско решавање на нивните предизвици” рече Тренчевска.

Таа истакна дека посветеноста на највозрасните во заедницата не запира тука и посочи дека спроведувањето на услугата помош и нега во домот во Општина Крива Паланка е уште еден чекор кон поголема грижа за старите лица.

„Услугата помош и нега во домот во Општина Крива Паланка се спроведува уште од 2021 година. Тука 32 негователи се грижат за 95 лица и ова е услуга која обезбедува грижа токму во домот на највозрасните и изнемоштени лица. Грижата за највозрасните не е само ветување, тоа е наша должност, наша привилегија и наша чест. Да го одиме овој пат заедно, рака под рака со највозрасните, да го испочитуваме нивниот влог во минатото и да им возвратиме денес” изјави Тренчевска.

Можете да прочитате

Пенка Мукаетова именувана за нов потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија

ЦУК преку СМС порака известува за кризната состојба прогласена за пожарите

Околу половина час се чека за влез во земјава на Табановце