Еден од обвинетите за учество во терористичкиот напад на концертната сала Crocus City Hall во предградието на Москва го именуваше координаторот на целата операција, објави руската државна новинска агенција Тасс.
Според обвинетиот, со нив контактирал човек по име Саифуло и на секој од нив им ветил по милион рубљи (околу 10.000 евра). На рускиот Прв канал беше прикажано видео од испрашувањето на терористите од страна на припадници на Федералната служба за безбедност (ФСБ).
„Саифуло ни рече да одиме во Украина, во Киев. И дека таму ќе ни даде еден милион рубљи“, рече еден од обвинетите за време на сослушувањето. Други обвинети зборуваа за наводната помош што им била ветена при преминувањето на украинската граница.
„Саифуло рече дека на украинската граница ќе не чекаат момци кои ќе ни помогнат да ја поминеме границата и да стигнеме до Киев. Ни рече: „Јавите ми се, па ќе ви кажам што да правите“, сведочеше обвинетиот. Според последните податоци, во терористичкиот напад загинале 144 лица, а 551 се повредени.
За учество во терористичкиот напад уапсени се 11 лица, меѓу кои и четворица директни извршители. Рускиот истражен комитет соопшти дека истражителите пронашле докази кои ги поврзуваат сторителите со украинските националисти.