Утрински Весник
Свет

Повеќе од 90 луѓе загинаа при потонување на брод во близина на брегот на Мозамбик

20240408070736 Big 730x400 85.webp.webp
Dik 300x250 mk

Повеќе од 90 луѓе загинаа откако брод вчера се преврте крај северниот брег на Мозамбик, соопштија локалните власти, пренесе ДПА.

Луѓето кои се наоѓале на бродот бегале од епидемија на колера и патувале од Лунга до островот Мозамбик, во близина на брегот на Нампула, јавија локалните медиуми.

Рибарскиот брод можел да собере најмногу 100 луѓе, изјави претставник на управата на островот за телевизијата СТВ. Сепак, на бродот имало околу 130 луѓе.

Новинската агенција АИМ, повикувајќи се на претставник на поморската управа, објави дека бродот се превртел поради високи бранови.

Мозамбик моментално е погоден од најголемата епидемија на колера во последните 25 години, според организацијата на ОН за помош на децата – УНИЦЕФ. Од почетокот на епидемијата во септември 2022 година, пријавени се повеќе од 37.000 случаи.

Можете да прочитате

Почина основачката на образовната програма „Еразмус“, Софија Коради

Папата Лав XIV ќе прогласи седум нови светци, меѓу нив и три чесни сестри

Забраната на возилата со мотори со внатрешно согорување во ЕУ и здравјето на луѓето