Утрински Весник
Свет

Зеленски: Без американската помош Украина ќе ја изгуби војната против Русија

4a0f2bc764d86f36273c96b690829.jpeg

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска предупреди дека неговата земја ќе ја загуби војната против Русија доколку ветената американска помош од 60 милијарди долари, што ја најави американскиот претседател Џо Бајден, остане блокирана во Конгресот од страна на републиканците. -Ако Конгресот не и помогне на Украина, Украина ќе ја изгуби војната, рече Зеленски во видео-обраќањето до претставниците на владината платформа за собирање средства за Украина. Зеленски порача дека ако Украина ја загуби војната, другите земји ќе бидат нападнати и дека Русија тогаш силно ќе испрати нуклеарна закана до западните земји. Американската програма за воена и економска помош за Киев од 60 милијарди долари е блокирана во Конгресот од минатата година поради поделбите меѓу демократите и републиканците, кои се подготвуваат за претседателските избори во ноември. Донесувањето на помошта е суспендирано по налог на поранешниот претседател и сегашен републикански претседателски кандидат Доналд Трамп.

Можете да прочитате

Oбвинителството на Иран се закани со смртни казни за демонстрантите

Масовни протести низ САД откако агент на ICE уби жена

Орбан: Глобална трансформација е пред нас