Утрински Весник
Македонија

Во Скопје ќе биде основана Националната алијанса на пациентски организации

Lekar.jpg

По повод 75. Светски ден на здравјето што се одбележува под мотото „Мое здравје, мое право“ денеска во ЕУ инфо центар Скопје ќе биде основана Националната алијанса на пациентски организации. 

– Се собравме десет пациентски организации со цел да се здружиме во алијанса и заеднички да се застапуваме за правата на пациентите во нашата земја и за подобрување на здравствениот систем со цел да им служи најдобро на граѓаните. Заедно можеме повеќе, соопштија од Алијансата. 

Организации кои ја сочинуваат алијансата се: ХЕПАР Центар, НЕФРОН, МС Македонија, ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ, ХЕМА, ФЕМИНА, САНО, Сојуз на здруженија на дијабетичари на Македонија, ЦМЛ, РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК.

Алијансата, се додава во соопштението, ќе биде отворена за сите здруженија на пациенти кои работат во областа на здравство да се приклучат за заедно да работиме кон подобрување на здравствениот систем во нашата земја.

Можете да прочитате

Хаос од паркирани возила во Дебар Маало – пожарникарите не можеа да интервенираат

Трагично згасна животот на младиот охридски снимател Кристијан Љушев

Саит Саитов уште како малолетник дивеел со „Пасат“ низ улиците (видео)