Утрински Весник
Македонија

Пендаровски од Штип: Мицкоски е политички наследник на Ванчо Михајлов

Daeaf029 914a 40f0 857e Df627cdc1b7d.jpg

Во своето обраќање на митингот во Штип, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски се осврна и на формирањето бугарски клубови низ Македонија и односот кон нив од страна на ВМРО-ДПМНЕ

„Кога пред две години се отвораа бугарски клубови низ државата, ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше дека не може да постои бугарски клуб со име Цар Борис, но немаат проблем со името Ванчо Михајлов. Зошто? Затоа што тие се сметаат дека се политички наследници на историското ВМРО, што ќе рече дека нивниот денешен лидер е политички наследник на Ванчо Михајлов. Тој човек, најголемиот антимакедонец живееше 94 години никогаш не спомна дека има македонски народ, македонска нација, дека има Македонци“ порача Пендаровски.

Пендаровски посочи и дека голем број луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ имаат бугарски пасоши

„Замислете ако тие утре како власт треба да преговараат со Бугарија за идентитетските прашања. Како може за македонскиот идентитет јазик и име да се бори партија во која половина од раководството па и пошироко имаат бугарски пасоши?“ праша Пендаровски.

Можете да прочитате

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !