Утрински Весник
Свет

Русија размислува за воведување царини за вино од 200 отсто за членките на НАТО

Calix Najbolja Italijanska Vina.jpg

Владата на Русија ќе го разгледа предлогот на Здружението на лозари и винари на Русија за воведување увозни давачки од 200 отсто за вината од земјите на НАТО, пренесе агенцијата ТАС.

Ова на новинарите им го потврди вицепремиерката на Руската Федерација Викторија Абрамченко. Како што е наведено, предлогот на винарите бара избалансиран пристап и сеопфатно разгледување со вклучување на експерти. Иницијативата ќе се разгледува во посебна комисија на Министерството за економски развој. Како што беше истакнато, руското винарство се развива со забрзано темпо, а побарувачката за вино може целосно да ја задоволат домашните производители.

Како што беше истакнато, ова е еден од механизмите за заштита на домашниот пазар.

Здружението на лозари и винари на Русија на почетокот на минатиот месец објави дека е донесена одлука да се обрати до Владата и до Државната Дума со барање за зајакнување на мерките за заштита на рускиот пазар.

Тие предложија да се воведе царина од 200 отсто за увоз на вино, пенливи и десертни вина од земјите на НАТО, како и да се укине повластениот режим на царина за увоз на вино, пенливи и десертни вина од Грузија. Како што беше наведено претходно, во случај на воведување тарифа од 200 проценти, најмногу пари ќе загубат Латвија, Литванија и Италија. Од 31 земја на НАТО, 19 земји извезоа вино во Русија во 2023 година. Вкупната вредност на испораките беше речиси 873 милиони долари. Лидери во испораката на вино во Русија се Летонија, Литванија и Италија, на кои отпаѓаат 87 отсто од тој извоз.

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години