Утрински Весник
Свет

Повеќе загинати и повредени во силната снежна бура на североистокот на САД

20240405075900 Big 730x400 82.webp.webp

Неколку луѓе загинаа, а поголем број се повредени во одделни инциденти во Њујорк, Пенсилванија и Њу Хемпшир, додека невремето, придружено со силен дожд и снег, го погоди североисточниот дел на САД.

Силните ветрови и обилните врнежи урнаа дрвја и далноводи, а во еден момент речиси 700.000 домови и деловни објекти останаа без струја. Повеќето корисници останаа без струја во Мејн и Њу Хемпшир, а локалните власти соопштија дека далноводите биле оштетени и урнати од обилниот снег.

Една жена загина кога дрво откорнато од ветрови до 80 км/ч паднало врз нејзиниот автомобил во предградие на Њујорк во средата, а друга жена загинала во четвртокот во пожар во Њу Хемпшир по експлозија на гас во куќа до која дошло кога дрво паднало врз куќата. Нејзината ќерка е повредена и хоспитализирана, соопштија властите.

Како што пренесе Си-Би-Ес Њуз, уште две лица загинале во средата во Пенсилванија при пад на дрвја од силниот ветер.

Претходно во Оклахома загина жена која се криела во одводна цевка, како и жена во предградието на Филаделфија врз чиј автомобил паднало дрво и уште едно лице кое учествувало во сообраќајна несреќа во Кентаки.

Десетици летови во регионот се откажани или одложени, а многу училишта и јавни установи се затворени во северните делови на САД.

Можете да прочитате

Речиси две третини од Полјаците се против испраќањето војници во Украина

Во Англија се урна хеликоптер

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари