Утрински Весник
Балкан

Осомничените за смртта на Данка вчера снимени како нешто и објаснувале на полицијата

D7986674 Fe4c 4806 Ab1e 3ee1dfbf2a57.jpg

Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50), кои беа уапсени под сомнение дека ја убиле Данка Илиќ (2) од Бор, а потоа и го фрлиле телото, вчера биле со полицијата на терен во Бањско поле, додека се верувало дека девојчето сè уште е живо.

Фоторепортерите на Телеграф ги фотографирале во придружба на полицијата, прво едниот, па другиот како го обиколуваат просторот каде интензивно се вршела потрагата по девојчето и нешто покажуваат.

Полицијата ги лиши од слобода Јанковиќ и Драгијевиќ, но не се знае точно кога. Дали вчера веќе биле осомничени или разговарале со полицијата во некое друго својство, засега не е познато.

Можете да прочитате

Рама: Поплавени се 1587 објекти и над 13 илјади хектари земјоделско земјиште

Црвен аларм во Хрватска поради студен бран

Шест години затвор за скопјанецот фатен со 8 килограми кокаин во Србија