Утрински Весник
Македонија

Синдикатот и министерката за култура со различно образложение за пресметката на мартовската плата

Screenshot 2024 04 03 135200.png

На две посебни прес конференции пред министерството за култура, денеска излегоа синдикалците и ресорната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска и дадоа свое образложение за тоа колку ќе биде мартовската плата која треба да ја добијат вработените културни работници. Синдикатот порача дека платите што ќе ги добијат овој месец ќе бидат без 10% зголемување, предвидено со Општиот колективен договор за јавен сектор. Според нив културните работници нема да добијат покачување за 12, туку за 2%. Ова покачување тие го добија во септември минатата година, но со последното решение на министерката за култура стравуваат дека ќе бидат изиграни. -Последна ситуација со која се соочивме беа 10 проценти од Општиот колективен договор во септември кои важеа за цела држава доживотно, но за нас вработените во културата, поединци од Министерството за култура, Министерството за финансии и МТСП ни смислија времени решенија на 6 месеци. Денес тие 6 месеци истекоа, и сега пак сме соочени со премрежја затоа што некој можеби мисли дека културата во оваа држава е непотребен издаток. Сега истите поединци не убедуваат дека немаме право на 10 проценти од Општиот Колективен договор, бидејќи со покачувањето на минималната плата ќе земеме 12% според Колективниот договор за култура и тука веќе постојат тие 10% од ОКД. Тука е замката на реториката, затоа што нема да земеме 12%, туку реално ќе земеме 2%, реагира Вера Атанасовска,претседателка на Синдикатот на вработените во културата. Министерката за културата Бисера Костадиновска Стојчевска нагласи дека нема промена во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот, туку единствената промена која што е внесена во диспозитивот, е минималната плата.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско