Метео анализа на Славчо Попоски:
Поради северниот ветер, кој се очекува особено утре и Долж Повардарието повремено ќе биде засилен на интензитет, но и поради северното воздушно струење, овие два дена очекуваме топло време, но не така топло како што беше пред неколку денови, а ќе биде и многу полесно, односно ќе биде по поволно за метеопатите.
Времето ќе биде стабилно, суво и сончево, но со појава на мала до умерена локална облачност. Само утре на кратко ќе има услови за сосема слаб и краткотраен локален дожд.
Што се однесува до температурите, наутро тие ќе бидат пониски и ќе биде релативно свежо, со минимални температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 2 до 11 степеним а понекаде на повисоките места и на планините тие би можеле повторно да се спуштат малку под нулата. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.
Во Скопје и околината исто така очекуваме стабилно, суво и сончево време со појава на мала до умерена локална облачност. Утре повремено ќе засилува ветерот од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие наутро ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 6 и 7 степени, додека максималната дневна температура на воздухот ќе се искачува во интервалот помеѓу 23 и 24 степени. Во следните наши метео објави следува детална метео анализа за викендот кој доаѓа.