Утрински Весник
Свет

Израел го срамнил иранскиот конзулат во Сирија

Screenshot 2024 04 01 204932.png

Израелски авиони денеска го погодија иранскиот конзулат во Дамаск, а либански безбедносни извори тврдат дека во нападот е убиен високиот командант на Иранската револуционерна гарда, Мохамад Реза Захеди. Новинарите на Ројтерс на местото на настанот во квартот Мезе во сириската престолнина зборуваат за срамнета зграда, чад што се издига од урнатините и возила за итни случаи околу погодената локација. Портпаролот на израелската армија рече дека „не ги коментира извештаите на странските медиуми“. Сириската државна телевизија потврдила дека бил нападнат иранскиот конзулат. Иранските медиуми претходно објавија дека била погодена зграда во близина на амбасадата, а иранската студентска новинска агенција напишала дека цел биле конзулатот и резиденцијата на амбасадорот. Од почетокот на конфликтот во Појасот Газа, Израел ги засили воздушните напади против Сирија, гаѓајќи цели на проиранското движење Хезболах и иранскиот корпус на револуционерната гарда, сојузници на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет