Утрински Весник
Македонија

АКТУЕЛНА МЕТЕО НАЈАВА: Денес го очекуваме максимумот на овој рано летен топлотен aфрикански бран во Македонија

T2m 026.png

Денес во Македонија го очекуваме максимумот на рано летниот топлотен Африкански бран, со што и температурите ќе бидат највисоки, а времето и понатаму ќе биде стабилно, суво и сончево, но со појава на умерена локална облачност. Сепак во текот на денов ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Максималните дневни температури на воздухот денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 29 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели тие би можело да се искачат до 30 степени. Не се исклучува можноста температурите во најтоплите предели понекаде да се искачат дури и над 30 степени.

Во Скопје  и околината максималната температура денес се очекува да се искачи до близу 30 степени, но и таму ќе започне да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец.

И понатаму од Сахара према наташа држава ќе се врши значителен транспорт на прашина и на песок, со што и Атмосферата ќе биде многу заматена, а времето ќе биде мачно и спарно, што особено лошо ќе влијае врз метеопатите.

Можете да прочитате

МВР: Лишен од слобода 43 годишен родител на фудбалер, по инцидентот на натпреварот меѓу пионерските екипи на „Шкупи“ и „Брегалница“

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Интервју со Тасевски: Македонското небо без контролори, за пет години 40 од нив можат во пензија, нови нема