Утрински Весник
Македонија

106 санкционирани возачи на подрачје на Кавадарци и Неготино

1707037073 prekrshoci.webp.webp
Dik 300x250 mk

Денеска (31.03.2024) во периодот од 12.30 до 17.30 часот Секторот за  сообраќајни  работи  при Одделот за  униформирана полиција- Биро за јавна безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на Кавадарци и Неготино за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. При контролата санкционирани се 106 возачи, од кои 25 за возење без возачка дозвола, 7 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 11 за непрописно вградени фолии (затемнети стакла), 4 возачи под дејство на алкохол, одземен еден моторцикл, како и други прекршоци.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ води со 21 мандат, ВЛЕН 4, СДСМ 3 – 19.258 ливчиња неважечки

Кичево слави: ВМРО-ДПМНЕ ја освојува општината по повеќе од 15 години

Костадинов: СДСМ мора да помине низ сериозен филтер и реформи