Утрински Весник
Балкан

Интерпол распиша жолта потерница за исчезнaтата Данка Илиќ од Србија

P 5.webp.webp

Меѓународната полициска организација Интерпол распиша жолта потерница поради исчезнување на двегодишното девојче од Србија Данка Илиќ.

На веб-страницата на организацијата се наведува дека девојчето може да се препознае по висечката брадавица на левото уво, како и бенка со неправилна форма и малку темна боја на левата надлактица.

Освен тоа, се вели дека девојчето е високо околу 85 сантиметри, со кафена коса и кафени очи.

Жолта потерница се издава во случај на потрага по исчезнати лица или со цел да се идентификува лице кое не може да се легитимира.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна во вторникот на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор, а денеска е шести ден од потрагата по неа.

Во меѓувреме, Амбасадата на Србија во Виена апелираше до своите граѓани кои живеат таму, во случај да ја видат малата Данка веднаш да ја известат српската или австриската полиција. Повикот следува откако Србин кој живее во Виена објави видео со девојче кое наликува на исчезнатата Данка, а полицијата работи на нејзина идентификација и пронаоѓање

Можете да прочитате

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија

Во Албанија во полициска акција приведени високи полициски функционери, судии и новинари

Ожалoстени родители се борат да ги направат убиствените патишта во Бугарија побезбедни