Утрински Весник
Свет

СЗО: Неопходна е итна евакуација на 9.000 критични пациенти од Појасот Газа

Gaza 1 2.webp.webp

Светската здравствена организација (СЗО) денеска соопшти дека е неопходно итно да се евакуираат 9.000 пациенти од Појасот Газа заради медицинска нега, а шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, додаде дека во палестинската енклава моментално функционираат само 10 болници.

-Околу 9.000 пациенти треба итно да бидат евакуирани во странство за здравствени услуги, вклучително и третман на рак, повреди од бомбардирање, дијализа и други хронични состојби – рече Тедрос на платформата X.

Тој додаде дека бидејќи работат само 10 болници, а тоа е организирано, илјадници пациенти се лишени од здравствена заштита, пишува Гардијан.

Пред војната, според СЗО, во Газа имало 36 болници.

Можете да прочитате

ООН: Ормуз ги зголемува трошоците низ целиот свет

Гугл инвестира 13 милијарди евра во АИ инфраструктура во Финска

Четири лица загинаа во напад со дрон врз Новоросијск, Русија