Утрински Весник
Спорт

Медведев по поразат од Синер: Против него не е доволно само да се обидеш да го победиш

20240330103711 Big 730x400 44.webp.webp
Dik 300x250 mk

Данил Медведев загуби од Италијанецот Јаник Синер во полуфиналето на турнирот во Мајами со 1:6 и 2:6. Рускиот тенисер го претрпе петтиот пораз во низа од Италијанецот за кого рече дека е многу тежок противник.

– Мојот план беше да играм агресивно како на Австралија Опен, но тоа е секогаш ризик бидејќи тоа е поинаква игра на која не сум навикнат. Сепак, мислам дека против Јаник не е доволно само да се обидеш да го победиш. Тој е исклучително тежок ривал. Бев принуден малку да се променам себеси и мојот стил. Во првите два сета од финалето во Мелбурн оваа промена функционираше, но не овде бидејќи не бев на вистинското ниво во мојата игра. Кога повторно ќе се сретнам со Синер, ќе размислам што друго можам да направам за да станам подобар, изјави Медведев. 

Русинот загуби од Италијанецот по петти пат по ред, вклучително и во финалето на Австралија Опен на почетокот на оваа година. Сепак, скорот на личните средби е во корист на Медведев – 6:5.

Во финалето на Мастерсот во Мајами, Синер ќе се сретне со Григор Димитров од Бугарија. 

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето