Утрински Весник
Македонија

Македонски државјанин уапсен во Косово при обид да продаде 96 илјади фалсификувани долари

1706444209 unnamed file.webp.webp

Управата за борба против стопански криминал и корупција при полицијата на Косово соопшти дека во петокот вечерта, во соработка со други безбедносни институции, спровела оперативен план за спречување на внесување фалсификувани пари во Република Косово, при што уапсила државјанин на Република Македонија при обид да продаде 96 илјади фалсификувани американски долсри, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од страна на истражното одделение соопштија дека осомничениот македонски државјанин И. Д. (1970 година) бил фатен на дело при обид да ги пушти во оптек 96-те илјади американски долари, за кои постои сомнение дека се фалсификувани. На приведениот му е одреден притвор од 48 часа.

Полицијата соопшти дека осомничениот продавал 100 фалсификувани долари за 40 евра.

Во полициската акција се одземени 960 банкноти од по 100 американски долари во вкупна вредност од 96.000 американски долари, возило користено во случајот од пријавениот и мобилен телефон, соопшти косовската полиција

Можете да прочитате

Охрабрување или нова илузија: Колку тежи пораката на европратеникот Вајц за Македонија?

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“