Бугарскиот тенисер Григор Димитров ноќеска го победи Германецот Александар Зверев во полуфиналето на турнирот во Мајами. Мечот траеше 2 часа и 39 минути и заврши со резултат 2:1, по сетови 6:4, 6:7 (4:7) и 6:4.
Триесет и двегодишниот Бугарин сервира 18 аса, направи две двојни грешки и реализира две од две брејк топки. Неговиот противник имаше 14 сервиси, една двојна грешка и нереализирани две брејк топки.
Претходно во финалето се пласираше Италијанецот Јаник Синер кој го победи Русинот Данил Медведев со 6:1 и 6:2.
Мечот за трофејот ќе се игра утре со почеток во 18:30 часот по македонско време.
Награден фонд на турнирот изнесува девет милиони долари.