Утрински Весник
Економија

Исплатата на пензиите тргнува наскоро, еве колку точно ќе се зголеми секоја пензија

Unnamed file.webp.webp

Во понеделник први април ќе тргне исплатата на пензиите за околу 330.000 пензионери, а некои од банките, можат и пред викендот да ги изненадат своите клинети со предвремена исплата на пензиите.

Согласно методологијата, од месец март ќе има и ново зголемување на пензиите, а овој пат тоа ќе изнесува 5,3 проценти.

Тоа значи дека пензионер со пензија од 15.000 денари, од понеделник ќе добива пензија во износ од 15.795 денари, оние со пензии од 25.000 денари со покачувањето ќе добиваат 26.325 денари, додека оние со пензии од околу 35.000 денари ќе имаат дополнителни 1.800 денари.

Со последното покачување, од воведување на новата методлогија за раст на пензиите, тие се зголемени за околу 30 проценти.

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Определбата да нема промена на даночните стапки наметна внимателно планирање на Буџетот за 2027 година

Ако роботите ги заменат професиите, кој ќе плаќа придонеси?

Од понеделник ќе јадеме поскап леб, поскапуваат и други намирници