Утрински Весник
Свет

Претседателот на Аргентина планира да отпушти 70.000 работници во јавниот сектор

Milei 1.jpg

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи изјави денеска дека планира да отпушти 70.000 вработени во јавниот сектор во следните неколку месеци.

Покрај тоа, Милеи на економски форум во Буенос Аирес рече дека веќе ги замрзнал јавните работи, го прекинал финансирањето на провинциските влади и откажал повеќе од 200.000 планови за социјална помош.

Тоа е дел од стратегијата на аргентинскиот претседател по секоја цена да постигне фискална рамнотежа.

Милеи рече дека анкетите покажуваат дека Аргентинците се пооптимисти за иднината на економијата и дека довербата на јавноста во владата е зголемена, и покрај нејзините мерки за штедење.

„Луѓето имаат надеж, ја гледаат светлината на крајот од тунелот“, изјави аргентинскиот претседател

Можете да прочитате

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИСТАНБУЛ: Морето се спои со копното, автомобили потонаа под вода

Вработен во „ОпенАИ“ уапсен поради уред за прислушување во конференциска сала

На протестите во Франција учествувале околу 480 илјади луѓе