Утрински Весник
Македонија

Гир: Тврдењата кои се пласираат дека Македонија не може да влезе во ЕУ не се точни

De Vid Gir.jpg

Ниту е точно дека Европската унија не ја сака Македонија како своја членка, ниту е точно дека земјата не е способна да биде членка на Унијата, порача јасно и гласно денеска евроамбасадорот Дејвид Гир по тврдењата кои се пласираат во јавноста во пресрет на предизборието. Гир кој беше учесник на настанот на Министерството за надворешни работи со дипломатскиот кор организиран по повод одбележувањето на четиригодишнината од членството на Македонија во НАТО, повика земјава да се придвижи кон ЕУ што е можно побразо, со исполнување на обврските преземни во јули 2020 година. -Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да ѝ пристапи на Европската Унија – дали затоа што ЕУ не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од Унијата. Ниту едно од овие тврдења не е точно, рече Гир потврди дека го споделува мислењето дека патот кон Европската Унија е пат на просперитет, зајакнување на демократските вредности, владеењето на правото, но и и пат на стабилност.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!