Либански Хезболах денеска соопшти дека испукал баражен оган врз северен Израел како одговор на израелскиот напад врз едно погранично село, во кој загинаа седуммина спасувачи.
Во гранатирањето на градот Кирјат Шмона, на северот на Израел, загина еден израелски цивил, соопшти спасувачката служба.
Либанската исламистичка организација Џама Исламија претходно објави дека седуммина спасувачи биле убиени во израелски напад врз Хабарија, во близина на границата со Израел, осудувајќи го, како што рече, „грозоморното злосторство“.
„Како знак на одмазда за масакрот што го изврши ционистичкиот непријател во селото Хабарија, Хезболах истрела десетици ракети врз Кирјат Шмон“, соопшти шиитската проиранска организација.
Анонимен функционер на Џама Исламија претходно за француските медиуми изјави дека спасувачите биле убиени во ургентниот центар во селото.
Друг лидер на организацијата, кој исто така побара да остане анонимен, рече дека десет спасувачи биле во центарот за итну случаи во моментот на нападот.
Израелската армија потврди дека „воените авиони гаѓале воен комплекс“ каде се подготвувале напади на израелска територија.