Кандидатот за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари денеска беше на тркалезна маса со академици и експерти од различни области.
На масата со интелектуалците се разговараше за претседателската платформа на кандидатот Арбен Таравари, како и за приоритетите на истата, а на неа присуствуваа еминентни личности како што е д-р.проф. Руфи Османи и уште десетици универзитетски професори, кои покрај конкретни предлози дадоа и силна поддршка на претседателската платформа на Арбен Таравари. Платформата на кандидатот Арбен Таравари е изградена околу четири главни столба и ќе биде објавена во наредните денови.
„Денеска имав многу важна средба со универзитетска елита, академици и експерти од различни области, за Претседателската програма. Наскоро оваа програма, дизајнирана од најдобрите во земјата, ќе биде јавно претставена затоа што го заслужувате најдоброто”, вели Таравари.
Платформата на кандидатот Арбен Таравари е изградена околу четири главни столба и ќе биде објавена во наредните денови, велат од неговиот изборен штаб.