Акциите на социјалната мрежа Трут соушал на Доналд Трамп на првиот ден откако беа за тргување на берзата пораснаа за 40 отсто давајќи поткрепа на финансиите на претседателскиот кандидат од републиканците кој се соочува со парични казни од стотици милиони долари.
Компанијата Трут соушал започна да тргува на берзата денеска под тикер DJT, иницијалите на Трамп.
Вредноста на акциите се искачи до 77 долари веднаш по почетокот на денешното тргување, со што пазарната вредност на компанијата достигна отприлика 9,5 милијарди долари. Трамп е сопственик на 60 отсто од оваа компанија, што значи неговиот удел би можел да вреди околу пет милијарди долари.
Тргувањето беше толку интензивно што њујоршката технолошка берза Nasdaq привремено го запре тргувањето, јави Волстрит журнал.
Весникот укажа дека нема подобар тајминг за Трамп од овој.
Тој вчера доби одлука од судија да исплати 175 милиони долари ако сака да го паузира депонирањето на гаранција за пресудата по граѓанската парница вредна 454 милиони долари додека таа е на апелација. Трамп се уште не може да добие гаранција за да се покрие оваа казна.
Новата добивка е многу поголема од тоа што тој го должи, но се уште нема да може да ја користи. Според законот, по првичното распоредување на берзата акциите на компаниите можат да се продаваат или да се користат како гаранција за кредит само после шест месеци