Утрински Весник
Македонија

ОД ЈАКНИ ДО МАИЦИ: Викендот и првиот ден од Април ни носат ранолетни температури во Македонија дури до околу 30 степени

T2m 157.png
Dik 300x250 mk

Викендот кој што доаѓа, како и на првиот ден од месец април ќе имаме рано – летни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели од државава температурата ќе се искачи и до околу 30 степени.

Времето ќе се стабилизира за време на викендот, и ќе има повеќе сонце, што значи дека граѓаните уште од сега можат да прават планови за викендот кој доаѓа.

Во регионот се очекуваат температури дури и над 30 степени, што значи дека понекаде тие ќе се искачат  и до околу 32-33 степени.

Токму овие натпросечно високи температури на воздухот се поради влијанието на топлата воздушна маса од северните предели на Африка, која ќе продре кон нашите краишта за време на викендот  и на 1ви април.

Можете да прочитате

Спасовски: Резултатот е катастрофален, но вината не е само кај Филипче

Онкологија со месеци без тумор маркери и основна терапија за пациентите со рак

Безживотно тело на млада девојка најдено во Тетово