Утрински Весник
Свет

Руски истражители во Таџикистан ги испитувале роднините на осомничените напаѓачи во Москва

Screenshot 2024 03 25 104902.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Руски истражители биле во Таџикистан за да ги испитаат семејствата на четворицата мажи кои стојат зад терористичкиот напад на трговскиот центар во Москва, јавија светските агенции.

Тројца таџикистански безбедносни извори изјавиле дека руските истражители ги испитувале семејствата на осомничените за нападот во Крокус Сити Хол во Москва, во кој загинаа 139 лица, а околу 180 се повредени.

Изворите, кои не биле овластени да даваат информации за овој случај, велат дека таџикистанските безбедносни службеници ги донеле семејствата на осомничените од различни делови на земјата во главниот град Душанбе.

Против четворицата напаѓачи во Русија е поднесено обвинение, а ако бидат обвинети им се заканува доживотен затвор поради терористичкиот напад.

Можете да прочитате

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Речиси еден милион лица раселени по конфликтот меѓу Камбоџа и Тајланд

Путин е подготвен да разговара со Макрон, соопшти Москва