Утрински Весник
Свет

Суд во Лондон денеска ќе донесе одлука за екстрадиција на Асанж

Free Assange.webp.webp

Високиот суд во Лондон денеска ќе донесе одлука дали основачот на Викиликс Џулијан Асанж може да поднесе жалба на неговата екстрадиција во САД.

САД бараат екстрадиција на Асанж поради објавување тајни воени досиеја во 2010 и 2011 година, а Врховниот суд на Велика Британија одлучи дека Асанж треба да биде екстрадиран, отфрлајќи ги тврдењата дека тој би можел да изврши самоубиство во американски затвор поради лошо ментално здравје.

Асанж во САД е обвинет по 17 точки за шпионажа, а доколку биде прогласен за виновен, според неговите адвокати, може да се соочи со казна затвор до 175 години. Американските обвинители, сепак, тврдат дека казната нема да надмине 63 месеци.

Во 2010 година, порталот на Асанж „Викиликс“ објави видео од американската армија, на кое се гледаат десетици луѓе убиени во напад на хеликоптери Апачи во Багдад во 2007 година, меѓу кои и двајца новинари на Ројтерс. Оттогаш, Викиликс објави илјадници тајни доверливи документи и дипломатски извештаи во кои САД ги критикуваат светските лидери, од рускиот претседател Владимир Путин до членовите на саудиското кралско семејство.

Можете да прочитате

Русија упати предупредување до Јужна Кореја: „Воздржете се од непромислени чекори“

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција

Лами: Британија не испраќа војници во Украина