Утрински Весник
Свет

Гувернерот на Флорида со закон им забрани на малолетниците да користат социјални мрежи

D181d0bbd0b0d0b2d0bdd0b8 D0bbd0b8d187d0bdd0bed181d182d0b8 D181d0b5 D0bfd0bed188d0b5d0b3d183d0b2d0b0d0b0 D0b7d0b0 D188d0b5d181d182d187 63d6d7291e0e2.jpeg

Гувернерот на американската сојузна држава Флорида, Рон ДеСантис, денеска го потпиша законот со најрестриктивна забрана за пристап до социјалните мрежи за малолетници во САД.

Законот, кој стапува на сила на 1 јануари, им забранува на малолетниците помлади од 14 години да имаат профил на социјалните мрежи, а оние на возраст меѓу 15 и 16 години мора да имаат дозвола од родител или старател да отворат профил.

Одобрениот закон беше омекнат во однос на претходно предложениот, со кој на сите лица помлади од 16 години ќе им се забрани воопшто да имаат профил на социјална мрежа, без разлика на родителската согласност.

Неколку други држави размислуваат за слични закони, но во август федерален судија во Арканзас го укина законот кој бараше согласност од родителите за малолетниците да отвораат профили на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет