Утрински Весник
Македонија

Митрески-Силвестри: Македонија и Италија ги продлабочуваат пријателските односи

Mitreski S Jpg.webp.webp
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, денеска оствари средба со Андреа Силвестри, амбасадор на Италијанската Република во земјава.

Претседателот на Собранието Митрески оцени дека политичките односи меѓу Република Северна Македонија и Италијанската Република се одлични и се карактеризираат со интензивна динамика, а оваа динамика ја следи и соработката меѓу парламентите на двете земји. Тој изрази благодарност за долгогодишната искрена и одлучна италијанска поддршка за Република Северна Македонија на сите полиња, а особено во врска со исполнувањето на стратешките цели за евроатлантска интеграција.

Претседателот Митрески го информираше италијанскиот амбасадор за планираните активности на Собранието на Република Северна Македонија до одржувањето на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за предлог-законите кои се очекува да бидат разгледани од тековниот парламентарен состав.

Амбасадорот Андреа Силвестри се осврна на традиционално добрите и пријателски односи меѓу Република Северна Македонија и Италијанската Република во изминатите 30 години. Тој информираше за организирањето на бројни активности и настани по повод овој значаен јубилеј, меѓу кои е и издавањето и промоцијата на монографијата „30 години билатерални односи меѓу Италија и Северна Македонија“.

Можете да прочитате

Магла на повеќе патни правци

МВР со засилување – 120 млади полицајци започнуваат со работа во Скопје

Државниот инспекторат за животна средина во 2025 година направил 1373 инспекции