Утрински Весник
Магазин

Ден Бутнер помина 20 години истражувајќи ја долговечноста. Ова се навиките кои тој ги ископира

Den Butner.jpeg

Ден Бутнер помина 20 години проучувајќи ги најдолговечните луѓе во светот. Тој е автор на терминот „сина зона“, кој се однесува на пет места низ светот каде што жителите живеат подолго од просечниот човек. Тоа се Икарија во Грција, Окинава во Јапонија, Сардинија во Италија, Лома Линда во Калифорнија и полуостровот Никоја во Костарика.

Бутнер собра некои навики од луѓето што ги проучуваше и ги вклучи во својата рутина. Докторот вели дека благодарение на ова, тој е во првиот процент од најздравите луѓе на неговата возраст.

Еве кои навики ги практикува овој 63-годишен истражувач секој ден за да остане среќен, здрав и да придонесе за сопствената долговечност.

Одење
Бутнер решил да се пресели на јужниот дел на Мајами Бич, во средина што го принудува да се движи повеќе. Живее покрај океанот, кој често го посетува и плива, а може да вози и велосипед низ околината.

„Живеам активен живот, не морам да го планирам“, вели тој.

Користи растителна храна

Бутнер воопшто не јаде месо. Приближно 98 проценти од храната што ја консумира е од растително потекло, а храната ја консумира во временска рамка од 10 до 12 часа. Обично јаде два пати на ден – доцна наутро и доцна попладне.

Најважната храна на неговото мени е гравот. Дознал дека оние кои јадат шолја грав дневно живеат околу четири години подолго од луѓето кои не јадат. Бутнер ужива и во спанаќ, печени компири, тофу и наут.

Општествени односи

Според Бутнер, „многубројни студии пронашле врска помеѓу општествениот живот и долговечноста“.

Не работи после 17 часот

Една од работите за кои Бутнер не преговара е дека никогаш не сака да работи после 17 часот. Доцните попладневни часови се исклучиво резервирано за физичка активност и дружење.

Физичка работа

Конечно, Бутнер практикува физички труд секој ден. Тоа може да биде сурфање, возење велосипед, што и да ни одговара.

“Не правам ништо во што не уживам. Не уживам во кардио вежби, ниту во претерано интензивни вежби. Но, има и бројни други активности кои ме прават среќен. После тоа се грижам да спијам осум часа. Вие многу помалку сте под стрес ако спиете добро“, рече тој.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста