Утрински Весник
Свет

Ериксон ќе отпушти 1.200 вработени во Шведска за да ги намали трошоците

5470936 Shutterstock 1399720349 Ls.jpg

Шведската компанија Ериксон АБ, еден од најголемите светски добавувачи на мрежна опрема за 5G, денеска објави дека ќе отпушти 1.200 работници во Шведска или 8,6 отсто од тамошната работна сила, со цел да ги намали трошоците.

Ериксон претходно оваа година предупреди дека нејзиниот пазар надвор од Кина ќе продолжи да опаѓа во 2024 година и дека инвестициите на многу оператори ќе останат на „неодржливо ниско“ ниво.

Пред околу една година, Ериксон објави дека ќе отпушти 8.500 вработени, или околу осум отсто од својата глобална работна сила.

Ривалската компанија Нокија Оуј во октомври 2023 година објави дека ќе укине дури 14.000 работни места, или 16 отсто од својата глобална работна сила. Денеска во 13 часот и 8 минути акциите на Ериксон паднаа за 0,8 отсто на 56,97 шведски круни на берзата во Стокхолм.

Од почетокот на годината вредноста на акциите на Ериксон падна за 9,9 отсто.

Можете да прочитате

Русија и Кина планираат да постават нуклеарен реактор на Месечината

Сијарто: Унгарија нема да учестува во „лудата мисија“ на НАТО за помош на Украина

Путин на Денот на победата предупредува на можноста од глобален судир