Нутриционизмот е област која е подложна на ширење на на погрешни информации и митови за исхраната. Причините за ова се бројни, но повеќето се сведуваат или на нестручност или на тоа што луѓето намерно ги искривуваат фактите за да остварат некоја своја цел (на пример, за да продадат книга или суплемент или за да ја промовираат својата идеологија).
Ќе откриеме неколку митови кои се прилично распространети кај нас, а се целосно невистинити.
Мит бр.1: Цвеклото лекува анемија
Со оглед на тоа што на интернет кружат многу рецепти за анемија и имунитет кои речиси во сите случаи вклучуваат цвекло како една од главните состојки важно е да се објасни дека станува збор за обичен мит. Цвеклото не лекува слабокрвност.
Првата причина е таа што цвеклото всушност нема толку многу железо. Тоа не е толку лошо, но постојат и многу подобри извори на железо, како на пример, пилешки џигерчиња(72% од дневните потреби), варена соја (29%), спанаќ (20%), телешко или јунешко месо(20%), грав (16%), блитва (13%).
Втората причина е таа што бојата на цвеклото не значи дека е заради тоа добра за крвта. Да е така, гравот би бил добар за бубрезите затоа што по формата потсетува на бубрези. Причината што е цвеклото црвено е обичен пигмент по име бетанин. Овој пигмент е всушност многу здрав за нашето тело затоа што е воедно и антиоксиданс, но нема никаква врска со крвните зрнца.
Секако, ова не значи дека цвеклото нема свои предности. Напротив. Има благотворно дејство на крвниот притисок, физичката идржливост и е добро за црниот дроб. Работата е во тоа што постoјат подобри начини за лекување анемија.
Мит бр.2: Јајцата се лоши за срцето затоа што го покачуваат холестеролот
Јајцата се незаслужено демонизирани затоа што содржат големи количини холестерол. Но холестеролот од храната не го зголемува нужно и холестеролот во крвта. Бројни студии покажале дека јајцата не се штетни за срцето и за крвотокот.
Напротив, тие се едни од најхранливите намирници што постојат и нема причина да ги зибегнувате освен ако не сте алергични на нив. Исто така, нема потреба да ја одвојувате жолчката затоа што сите делови од јајцето се здрави.
Мит бр.3: Месото скапува во стомакот
Овој мит потекнува од вегетаријанската пропаганда. Факт е дека се луѓето способни да го сварат месото затоа што го јадат уште од праисторијата. Доказ за тоа се нашите заби (правите билкојадци немаат очници, ние ги имаме).
Кога ќе ја изџвакаме храната и ќе ја голтнеме таа доаѓа во желудникот. Присутноста на храна во желудникот (а особено протеини како оние во месото) е тригер за лачење на ензими и хлороводородна киселина (Hcl) која во стомакот има pH од 1,5 до 3. За да биде јасно колку е всушност силна желудочната киселина довочно е да се каже дека желудникот мора да создава нов слој на слуз секојдневно за да се свари самиот себе. Во таква киселина не може да скапе ништо, туку само може да се претвори во густа течност, односно, да се разложи на попрости фактори (аминокиселини, витамини, минерали, итн) кои се испуштаат во цревата кадешто се одвиба апсорпција на тие нутриенти.
Она што е уште поинтересно е дека токму растителната храна со силни влакна (како житарките или гравот) доаѓаат до дебелото црево делумно несварени и тука се распаѓаат под влијание на бактериите. Токму тоа е процес на скапување. Меѓутоа, тој процес е целосно нормален и природен, па нема ништо нездраво ниту лошо во себе, освен повремени гасови кои ги произведуваат тие бактерии.
Мит бр.4: Сите би требало да пиеме 8 чаша вода дневно
Секако дека би требало да ја замените течноста потрошена со дишењето, потењето и мокрењето секој ден, но не им се на сите потребни 8 чаши вода на ден. Поголемиот дел од храната што ја јадеме содржи во себе течност, па дури и цврстата храна како што е тврдото сирење има во себе течност.
Важно е да се нагласи и дека секој човек има различно тело. Некој кој е висок два метри можеби има потреба од 8 чаши вода на ден, но некој што е висок 150 цм сигурно нема. Покрај тоа, битно е да се спомене и дека нашата физичка активност влијае на потребите за течност. Ако работите физичка работа среде лето, можеби ќе се напиете и повеќе од 8 чаши на ден, но ако поминувате обичен зимски ден тогаш ќе ви бидат доволни и три чаши.
Едноставно правило за одредување дали сте дехидрирани или не, е да ја погледнете бојата на мокрачата. Идеално е да биде бледо жолта или бистра, што може да се постигне и со многу помалку од 8 чаши вода дневно. Ако урината стане потемна, тогаш е јасно дека ви недостасува течност.