Утрински Весник
Македонија

Во судар на три возила на патот кон село Љуботен повредени се 12 лица

Soobrakajka noke policija 202622 1.jpg

Вчера во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат за скопското село Љуботен се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(61), од Љуботен, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.М. (54) од скопското село Ласкарци, и патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.И. (19) од Љуботен. Во несреќата, како што информираше Министерството за внатрешни работи (МВР), со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фолксваген голф“ Џ.М. (55) од Љуботен, а тешко биле повредени и тројцата возачи и осумтемина сопатници од возилата „форд“ и „фолксваген голф“, од кои тројца се малолетни, според констатацијата во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. Увидна екипа од СВР Скопје извршила увид.

Можете да прочитате

Зулфикар Зејнула е нов претседател на Демократската партија на Турците во Македонија

Ладна ноќ е пред нас – Можна е појава дури и на слаб мраз!

Водата во езерото „Младост“ е загадена со фекалии, нема услови за порибување