Утрински Весник
Свет

Гутереш: Се зголемува меѓународната поддршка за повикот до Израел да го прекине огнот во Појасот Газа

1707466247 unnamed file.webp.webp

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска изјави дека се зголемува меѓународната поддршка за повикот до Израел дека е потребен прекин на огнот во Појасот Газа и дека инвазијата на градот Рафа ќе предизвика хуманитарна катастрофа. Гутереш ја даде изјавата за време на посетата на Јордан.

-Гледаме како се формира поширок консензус во меѓународната заедница за тоа да му биде наведено на Израел дека е потребен прекин на огнот, а исто така – (за тоа) ги слушнав од Сад, слушнав мислења и од ЕУ, нема потреба да спомнувам, се разбира, муслиманскиот свет – да му се стави јасно до знаење на Израел дека секоја копнена инвазија во Рафа може да значи хуманитарна катастрофа, рече Гутереш на прес-конференција.

Градот Рафа, на границата со Египет, е пренаселен, со над милион Палестинци кои се засолниле таму бегајќи од воените дејствија во Појасот Газа, додека Израел е решен да го нападне градот, кој го смета за „последниот бастион“ на радикалното палестинско движење Хамас.

Можете да прочитате

Teшка несреќа во Полска: тркачки автомобил влета во луѓе, многумина се повредени

Нов масакр во Газа – 38 мртви за 24 часа и над 200 лица повредени во израелските напади

Хеликоптер во кој бил Путин се нашол сред масовен напад на украински дронови