Утрински Весник
Магазин

Трансформирајте ги дилемите во добри одлуки: Ако го примените ова, ќе знаете дека сте го направиле вистинскиот потег

456.jpg

Дали знаете колку одлуки донесувате во текот на само еден ден? Верувале или не, дури 35.000, покажуваат многубројните истражувања на психолозите. Големата бројка се однесува на обичните и комплексни одлуки кои се од клучно значење за квалитетот на животот. Иако, понекогаш не е лесно да се донесе добра одлука. Како секоја пречка која ви создава дилема, да ја трансформирате во добра одлука? Пред се, анализирајте ги опциите и направете добра проценка. Без разлика дали сте перфекционист, љубител на зоната на удобност или не сте сигурни во вашата интуиција, постојат неколку совети кои можат да ви помогнат мудро да донесувате одлуки.

Срце или разум: Срцето кажува што сакаме, но умот ги зема предвид одлуките на срцето. За време на таков процес, разумот го сумира искуството, ги предвидува можните последици и прави листа „за“ и „против“. Во повеќето ситуации се согласуваат, но ако нивните одлуки не се совпаѓаат, доаѓа до конфликт. Кога правите пресметка, важно е да го вклучите она што го чувствувате. Срцето често знае подобро што е добро за вас отколку каква било анализа на умот. Пред да донесете одлука, размислете добро што навистина сакате.

Емоционална блокада: Дали некогаш сте биле толку совладани од вашите емоции што не можете да јасно да размислувате и да продолжите напред, и покрај сите ваши напори? Емоционалната блокада е длабоко потисната во вас – скриена бариера што ве спречува да го реализирате вашиот потенцијал, да преминете на следното ниво и да ја остварите целта. Ако овие емоции станат затворени, животот станува помалку удобен. Затоа е важно да ги разберете, да се слушате себеси и да бидете подготвени за ризик.

Добивки и штети: Ако сакате да донесете одлука која ќе има долгорочни последици, најважно е да ги согледате нејзините добри и лоши страни. Покрај сите предности кои би ви ги донела промена на навиката, начинот на размислување или однесување, мора да ги погледнете и недостатоците со кои може да се соочите, како резултат на истите овие промени.

Потоа направете ја истата „pro et contra“ листа во случај да не ја промените навиката. Ако сте возрасен пушач, совршен пример е да ги оставите традиционалните цигари. Ако се охрабрите целосно да ги оставите цигарите и сите никотински производи, сте ја донеле најдобрата можна одлука и сте ги елиминирале сите ризици. Негативната страна на оваа одлука е што многумина се откажуваат и набрзо се враќаат на оваа лоша навика. Доколку одлучите да продолжите со пушењето и не спроведете никаква промена, ќе го задржите задоволството, но штетата по здравјето останува огромна. Има и трета одлука, средно решение, кое може да им послужи на оние кои не се доволно одлучни да ја донесат првата, најдобрата, но и најтешка одлука.

Ако се префрлите на IQOS, предностите во кои ќе се уверите се следни: не создава катран бидејќи го загрева тутунот, наместо да го согорува и го намалува го нивото и количината на штетни и потенцијално штетни материи до 95 проценти во просек, во споредба со цигарите. Од друга страна, ниту IQOS не е производ без ризик, тој ослободува никотин, кој предизвикува зависност, но сепак е значително помалку штетен од цигарите. Ова трето решение има поизбалансиран однос на добивка и загуба, па овозможува и да се промени лошата навика, но да се задржи задоволството и да се подобри квалитетот на животот. IQOS не е производ без ризик, тој ослободува никотин што создава зависност. Само за полнолетни.

Одлучувајте самостојно: Психолозите велат дека е добро да се консултирате со други. Препораките, мислењата и советите никогаш не штетат, но важно е да не дозволите туѓото влијание да биде посилно од вашето. Секогаш донесувајте свои одлуки. Тоа е единствениот начин да ги намалите шансите да се каете за одлуката што сте ја донеле. Дури и ако тоа се случи, ќе знаете дека само вие сте згрешиле, а тоа во голема мера го намалува процесот на прифаќање на грешката. Ако сте биле во право, добивате бесценето чувство – горди сте на себе.

Не одложувајте ја одлуката: Дали сте знаеле дека доколку одлуката која имала лоши последици била донесена навреме, резултатот не би морало да биде ист? Одложувањето е процес кој може да ве наведе во последен момент да направите избор на кој сте принудени. Ако предолго го одложувате донесувањето на важна одлука, го зголемувате незадоволството. Добрата одлука повлекува промена на нешто што дотогаш било воспоставено однесување. „Од утре ќе“, „Од понеделник ќе“, „Од следниот месец ќе“ се фрази кои треба да ги избегнувате.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста